fbpx

Се одржа првата седница на новоформираната техничка влада

Премиерот Талат Џафери го прочита воведното обраќање на албански, па на македонски јазик

-

Денеска се одржа првата седница на новоформираната преодна влада. Новоизбраниот премиер Талат Џафери им го честита изборот на сите министри. Тој го прочита воведното на албански, па на македонски јазик и им порача на министрите да не ставаат слушалки за превод.

„Пред нас е една клучна задача, подготовка и организирање слободни, фер и демократски редовни избори во отворена и законита процедура. Во таа наша задача, имаме обврска да соработуваме и со Собранието и со Државната изборна комисија и со Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, но и со Европската Унија и САД како наш стратешки партнер, со цел да обезбедиме највисоки европски стандарди во процесот во изборната кампања и на самите избори, со целосен фокус на создавање услови, во коишто граѓаните, на изборите, јасно ќе ја изразат својата волја“, рече премиерот Џафери во своето воведно обраќање.

Џафери рече дека од оваа влада очекува ефикасност, транспарентност и отчетност и дека истата ќе да биде во функција на интересите на граѓаните.

На седницата не беше присутен Ѓоко Велковски, новоизбраниот министер за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, а присуствуваше Панче Тошковски, новиот технички министер за внатрешни работи од опозициската партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...