fbpx

Сопрена американската помош за Украина

Борбените дејствија во Украина продолжуваат, и само во вчерашниот ден, според Генералштабот на вооружените сили на Украина, биле убиени 840 припадници на руските сили

-

Помошта од САД за Украина е привремено блокирана, соопшти Белата куќа денеска, откако Конгресот не успеа да ги одобри дополнителните пари за Украина што американскиот претседател Џо Бајден ги побара на крајот на минатата година.

Гласањето беше одложено, а републиканските конгресмени го условија одобрувањето на помошта за Украина и неколку други земји од 106 милијарди долари со засилување на обезбедувањето на границата со Мексико. Во моментот траат преговорите меѓу демократите и републиканците во Долниот дом на парламентот на САД.

Во октомври лани Бајден побара од Конгресот да одобри помош од 106 милијарди долари за Украина, Израел, Тајван и за зајакнување на јужната граница на САД. Кијив треба да добие повеќе од половината од таа сума, односно 61,4 милијарди долари.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски, којшто е на европска турнеја, нагласува дека ситуацијата во Украина е многу тешка.

„Ситуацијата на фронтот е многу тешка. Немаме доволно оружје“, рече тој на прес-конференција во Латвија.

Во меѓувреме, поранешниот руски претседател, а сегашен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев предупреди дека секој обид на Украина да користи западни ракети со голем домет за напади на лансирни рампи на руска територија може да ја натера Москва да одговори со атомско оружје. Според Медведев, некои украински команданти разгледувале таква опција.

Борбените дејствија во Украина продолжуваат, и само во вчерашниот ден, според Генералштабот на вооружените сили на Украина, биле убиени 840 припадници на руските сили.

Вчера на фронтовите во Украина се случиле и 64 битки, додека руските сили извршиле три воздушни напади и 16 напади со повеќецевни ракетни лансери врз украинските борбени позиции и врз цивилни цели, при што еден цивил го загубил животот, а десетици биле повредени. Нанесени биле штети на станбени објекти, средно училиште и повеќе инфраструктурни објекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...