среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Дмитриј Медведев | 15 резултати

Урсула фон дер Лајен не купувала вакцини од компанијата на сопругот

октомври 31, 2022

Постот неточно тврди дека Фон дер Лајен купила вакцини од компанијата на нејзиниот сопруг, Хајко Ехтер фон дер Лајен. Тој е германски лекар и од септември 2020 година е медицински директор на американската биотехнолошка компанија Orgenesis, која е специјализирана за клеточни и генски терапии, а не за вакцини против ковид-19. Самата изјава на поранешниот руски […]

Обединетото Кралство со санкции кон руски банки и олигарси по вчерашниот потег на Москва

февруари 22, 2022

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска информираше дека Обединетото Кралство воведува санкции против пет руски банки и тројца олигарси, јавува Индипендент. Целиот имот што го имаат во Обединетото Кралство ќе биде замрзнат, додека на поединци ќе им биде забранет нивниот влез. Станува збор за банките Росија, ИС Банк, Џенерал Банк, Промсвјазбанк и Црноморска банка за трговија […]

Иранскиот претседател во посета на Москва

март 28, 2017

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а глвна тема на разговорите, според најавите, треба да бидат војната во Сирија и економската соработка, јавуваат светските агенции. Рохани, кој во својата прва посета на Москва пристигна вчеравечер, веќе имаше средба со рускиот премиер, Дмитриј Медведев. По состанокот […]

Западните санкции кон Русија нема наскоро да бидат укинати, смета Медведев

јануари 22, 2017

Русија не би требало да се залажува дека западните санкции кон земјата наскоро ќе бидат укинати, изјавил денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев, јавуваат светските агенции. „Очигледно е дека сето ова ќе трае уште долго. Да не се потпираме на нечиј избор, на нови странски лидери“, рекол Медведев на состанокот на владејачката партија Единствена Русија. Коментирајќи […]

Јилдирим – Медведев: Турција и Русија имаат важна улога во борбата против тероризмот

декември 6, 2016

Русија и Турција имаат важна улога во борбата против тероризмот, оценија денеска турскиот и рускиот премиер, Бинали Јилдирим и Дмитриј Медведев, на средбата во Москва. – Турција и Русија имаат големо значење не само во смисла на односите помеѓу двете земји, туку и во борбата против тероризмот и во гарантирањето на мирот – изјави Јилдирим при […]

Медведев итно евакуиран поради пожар во Москва

октомври 26, 2016

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, и другите учесници на форумот во рускиот Научно-истражувачки центар се евакуирани откако е забележан чад во зградата. Во Научно-истражувачкиот центар „Сколково“ во Москва се активирале противпожарните аларми, по што учесниците на форумот се извлечени од зградата. Како што пренесува „Раша тудеј“, учесниците на собирот, меѓу кои бил и премиерот Дмитриј […]

Руски земјоделци бараат средба со Путин и ќе го блокираат Кремљ

август 23, 2016

Трактори, земјоделска механизација и автомобили тргнаа на пат од Црно Море кон Кремљ. Руските земјоделсци се незадоволни бидјеќи, како што велат, владата ги игнорира нивните проблеми, па решиле да побараат состанок со претседателот Владимир Путин. Тие, од областа Краснодар тргнале на пат долг 1.300 километри до Москва, каде што нивниот водач, Василиј Мељниченко, ќе бара лично да […]

Русија е подготвена да разговара со Турција

јули 1, 2016

Русија е подготвена да разговара со турските власти на секое ниво, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, а пренесува „Спутник“. Според него, на Русите треба да им се овозможи да летуваат во Турција уште оваа сезона, но неопходно е да се реши прашањето поврзано со безбедноста. – Станува збор за тоа да им се помогне на […]

Медведев: Ќе се вратиме на тригодишно планирање на буџетот

април 19, 2016

Русија ќе се врати на тригодишно планирање на буџетот, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев. – Ќе се вратиме на тригодишно планирање на буџетот. Тоа ни пружа појасна визија за перпективите – изјави Медведев во обраќањето пред државна Дума. Тој, исто така, истакна дека Русија не планира да печати нови банкноти со кои ќе се финансира […]

Медведев: Операциите во Сирија не се товар за буџетот на Русија

декември 9, 2015

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека операциите на воздушните сили во Сирија, кои почнаа на 30 септември, не се товар за буџетот на Русија. Медведев истакна дека руското министерство за одбрана не потрошило повеќе пари од планираниот износ од буџетот. Тој посочи дека руската војска не побарала од владата дополнителни средства за кампањата во Сирија. […]

Медведев: Анкара ја брани Исламска држава поради финансиски интереси

ноември 25, 2015

Некои турски претставници имаат „директен финансиски интерес“ од трговијата со нафта со терористичката група Исламска држава, изјави рускиот премиер, Дмитриј Медведев, говорејќи за можните руски контрамерки против Турција поради уривањето на рускиот авион во Сирија. – Дејствата на Турција се де факто заштита на Исламска држава. Тоа не изненадува, имајќи ги предвид информациите што ги поседуваме […]

Страна 1 од 1