fbpx

За Беким Незири и уште тројца Кривичен суд определи мерки за претпазливост

Обвинителството претходно отвори истрага против осум лица осомничени за кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

-

Кривичниот суд определи мерки за претплазливост четири лица поврзани со случувањата во М-НАВ, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер и советник на директорот на М-НАВ, кои се  осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според соопштението од Судот, овие четири лица, заедно со уште други четири лица кои се во бегство, упаднале во канцелариите на М-НАВ и предизвикале инцидент.

Основниот кривичен суд Скопје одлуката ја донел постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против овие четири лица. Ним им е определена забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација.

Обвинителството претходно отвори истрага против осум лица осомничени за кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Тие на 4 Јануари, ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...