fbpx

По упадот во контролната кула на М-НАВ: Револт, приведувања и најави за разрешувања

Контролорите на летање бараат да се расчисти вчерашниот напад на вработени лица во М-НАВ до детал и одговорност да понесат сите вмешани лица кои насилно упаднале во зградата, додека целото раководство на М-НАВ да си поднесе оставка или владата да ги разреши на седницата во вторник. Во спротивно, тие од среда ќе почнат со генерален штрајк

-

Владата најави дека на следната седница ќе го разреши целото раководство и сите членови на управниот одбор на М-НАВ по вчерашниот упад во контролната кула на М-НАВ од страна на неовластени лица кои натепаа контролор на летање на работното место. Контролорите на летање, заедно со двата синдикати на М-НАВ, синоќа одржале вонреден состанок, на кој се договориле за генерален штрајк ако владата не ги разреши сите директори на М-НАВ.

Контролорите на летање бараат да се расчисти вчерашниот напад на вработени лица во М-НАВ до детал и одговорност да понесат сите вмешани лица кои насилно упаднале во зградата, додека целото раководство на М-НАВ да си поднесе оставка или владата да ги разреши на седницата во вторник. Во спротивно, тие од среда ќе почнат со генерален штрајк и целосно ќе се затвори небото за сообраќај.

Инаку, на иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, а во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на следната седница на Владата на 9 јануари ќе бидат донесени одлуки целото раководство и сите членови на управниот одбор на М-НАВ да бидат разрешени и да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководството и управниот одбор.

Премиерот Ковачевски ќе ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа информираа дека во полициска станица се наоѓаат четири лица, кои се инволвирани во нападот врз вработени во М-НАВ. Полицијата врши службени разговори, по што, во координација со обвинителството, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. МВР трага по уште четири лица кои учествувале во упадот во контролната кула.

Од МВР информираат дека во наредниот период континуирано ќе ја обезбедуваат зградата на М-НАВ за да се спречат вакви инциденти.

Инаку, нападот на вработените во М-НАВ се случи вчера попладне, откако претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски одржа прес-конференција во присуство на вработените од М-НАВ. Тасевски попладнето извести дека по прес-конференцијата неколку лица со возила влегле во објектот на контролата на летање, предизвикале караница, нападнале вработени и си заминале. Лицата со возила влегле во М-НАВ без да бидат спречени од обезбедувањето, иако неовластениот влез во објектот е строго забранет. Контролорите на летање ваквиот упад го сметаат за терористички чин според сите светски норми и закони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...