Православните христијани денеска го одбележуваат Бадник

Централното одбележување на Бадник е закажано пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Кум оваа година е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, а здравичар е актерот Атанас Тановски

-

Православните христијани во земјава денеска го одбележуваат христијанскиот празник Бадник. По 14 пат, во 75 градови и села во земјава и пет во дијаспората, се одржуваат бадниковите поворки, како форма на радосно здружување на децата, кои после коледарењетo во своите маала, се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја пригодната божиќна песна „Вечниот Бог“

Главната манифестација се одржува во Скопје на Плоштадот „Македонија“ каде на едно место се собираат коледарчињата од сите скопски општини за да ја оформат најголемата бадникова поворка што од Камениот мост ќе замине кон Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ на прием и пригодно дарување кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Како што информира организаторот, здружението „Бадникови поворки“, бесплатно ќе бидат поделени 2000 божиќни ѕвезди коишто дополнително ќе го украсат свечениот настан. Ќе се организира и  Божиќен концерт на кој ќе настапат „Златно славејче“ и македонските поп-ѕвезди Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст Тајм) и Пере (Нокаут). Концертот ќе биде инклузивен и подеднакво ќе им овозможи и на глувите и наглуви лица да ја почувствуваат радоста на празнувањето.

Централното одбележување на Бадник е закажано пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Кум оваа година е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, а здравичар е актерот Атанас Тановски.

Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Северна Кореја за првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Во извештај на државната новинска агенција КЦНА, севернокорејската војска тврди дека нејзините војници им помогнале на...

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100...

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку за драстично...

Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Северна Кореја за првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Во извештај на државната новинска агенција КЦНА, севернокорејската војска тврди дека нејзините војници им...