fbpx

Воспоставен сообраќајот на пругата Велес-Гевгелија

Со завршувањето на санацијата на пругата, непречено ќе се одвива и патничкиот железнички сообраќај, без преседнување на патниците во автобуси на релацијата меѓу Градско и Неготино

-

Од денеска во 14 часот повторно е воспоставен железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија. Испитувањата и техничкиот прием на санираниот мост на Црна Река кај Стоби се завршени, по што е ставен во функција товарниот и патничкиот железнички превоз, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

Почнувајќи од 14 ноември, железничкиот превоз на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин поради напукнат столб на Железничкиот мост на Црна Река. Јавното претпријатие за железничка инфраструктура веднаш пристапи кон санација на средниот столб и на главните носачи на мостот. До крајот на минатата година беа завршени итните градежни работи за санација на мостот, кои ги изведуваше фирмата „Синтек инженеринг“ од Скопје.

Со завршувањето на санацијата на пругата, непречено ќе се одвива и патничкиот железнички сообраќај, без преседнување на патниците во автобуси на релацијата меѓу Градско и Неготино.

Мостот кај Стоби саниран, во јануари ќе тргнат возовите кон Гевгелија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...