fbpx

Албанската опозиција може да остане без член во Државната изборна комисија

„Зошто играте вакви игри, што ви требаат ваквите игри нема да ви помине ова. Знаете и самите дека нема да ви помине. Зошто играте со законот, зошто играте со изборниот процес“, изјави пратеникот од БЕСА, Фадиљ Зендели

-

Владејачкото мнозинство во Комисијата за избори и именувања денеска го отфрли предлогот Абдуш Демири од партијата БЕСА да биде член на Државната изборна комисија. СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците се согласија околу оваа точка, по што претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска прочита дека се отфрла кандидатурата на Демири.

„Зошто играте вакви игри, што ви требаат ваквите игри нема да ви помине ова. Знаете и самите дека нема да ви помине. Зошто играте со законот, зошто играте со изборниот процес“, изјави пратеникот од БЕСА, Фадиљ Зендели.

Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, кои го критикуваа потегот на власта.

Наспроти ова, од Алијанса на Албанците сметаат дека испразнетото место во ДИК им припаѓа на нив и инсистираат тие да го добијат претставник во Комисијата. Изборот на член на ДИК треба да помине во Собранието на РСМ со двотретинско мнозинство, кое ако не се обезбеди, ќе доведе до тоа да не се избере седмиот претставник на ДИК. Во моментов, како членови ДИК се вброени: Александар Даштевски, Дитмире Шеху, Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Радица Ристеска и Бобан Стојаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...