fbpx

МВР контра Јанушев: Не е точно дека пред пет дена е пријавено убиството на Вања

Во демантот се нагласува дека сите информации за досега преземените мерки и дејствија МВР и ОЈО Скопје ги изнеле на денешната заедничка прес-конференција и повика да не се шират дезинформации

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево се огласи со демант на наводите што ги изнесе Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој на партиска прес конференција денеска кажа дека „Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена!“

„МВР најостро ги демантира лагите кои денеска на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев од партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓу другите невистини, беше изнесена лага дека во СВР Скопје пред пет дена наводно било заведено дека убиството врз малолетната В.Ѓ. го извршил Љ.П., а, наводно, не било ништо преземено. Тоа е апсолутна невистина. Таква работа не постои“, порача МВР.

Во демантот се нагласува дека сите информации за досега преземените мерки и дејствија МВР и ОЈО Скопје ги изнеле на денешната заедничка прес-конференција и повика да не се шират дезинформации.

„Згрозени сме од самиот факт што оваа партија дури и за ваква трагедија шири дезинформации. Апелираме да престане ширењето на лаги и дезинформации, кои само нанесуваат штета на истрагата“, се вели во демантот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...