fbpx

Идната сабота изложба на вдомени кучиња на Школка

Пријавувањето е отворено до 11 октомври

-

По повод третиот роденден, јавното претпријатие „Лајка“ организира изложба на вдомени кучиња в сабота, 14 октомври во Градскиот парк на Школка. Сите заинтересирани за учество на изложбата треба да ја пополнат оваа апликација.

„На оваа изложба може да се пријават сите граѓани кои имаат домашен миленик мешавина од различни раси, а воедно ќе бидат поканети сите оние кои досега вдомиле куче од прифатилиштето на ЈП Лајка“, информираат оттаму.

Во Лајка додаваат дека со овој настан целта е да се покажеме дека и мешаните и вдомените кучиња се одлични домашни миленици. Пријавувањето е отворено до 11 октомври.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...