fbpx

Украинските сили напредуваат, руските единици повторно напаѓаа цивилни цели

Најновиот успех на украинската противвоздушна одбрана се случил утрово, кога кај Бахмут е соборен руски хеликоптер Ка-52, едно од најнапредните и најсофистицирани оружја на денешницата

-

Во текот на изминатото деноноќие во Украина се воделе 20 битки меѓу украинските одбранбени сили и руските инвазиски сили, а офанзивата на вооружените сили на Украина на југот на земјата продолжува, соопшти утрово Генералштабот, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Одбранбените сили на Украина продолжуваат со офанзивата кај Мелитопол и Берѓанск, при што успешно ги задржуваат освоените територии и успешно дејствуваат врз руската артилерија.

Украинските борбени авиони во изминатите 24 часа извршиле 10 напади на непријателска жива сила, оружја и воена опрема, а биле уништени и осум извидувачки дронови. Со ракетни системи и артилериски оружја исто така биле гаѓани руски позиции, при што е уништен еден систем за противвоздушна одбрана.

Најновиот успех на украинската противвоздушна одбрана се случил утрово, кога кај Бахмут е соборен руски хеликоптер Ка-52, едно од најнапредните и најсофистицирани оружја на денешницата.

Руските сили извршиле осум ракетни напади, 82 авионски напади и 76 напади со повеќецевни ракетни лансери, при што покрај позиции на украинската армија, биле погодени и цивилни цели и има загинати цивили.

Уништени се пристанишна инфраструктура во регионот Одеса, како и станбени згради и друга цивилна инфраструктура во регионите Харкив, Луханск, Донецк, Днипро и Херсон.

Во Херсон е забележана една цивилна жртва, а во Донецк според досега познатото, биле повредени двајца цивили.

Според украинскиот генералштаб, во текот на изминатиот ден одбранбените сили убиле или повредиле 480 руски војници, со што билансот се искачи на вкупно 256.050 припадници на руските вооружени сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...