fbpx

Тројца пријавени за две испразнети места во Судскиот совет, ќе се гласа на 13 јули

Прифатени се кандидатурите на судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд, судијата од Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев и Антонета Димовска, судија од Граѓанскиот суд Скопје

-

Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за избор на двајца нови членови на Судскиот совет, откако врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и апелацискиот судија Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите.

Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки

Формирана е и комисија која треба да го спроведе изборот на 13 јули.

Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд е единствен кандидат од редовите на врховните судии за член на Судскиот совет. Вчера, токму на Георгиев, Судскиот совет му прекина постапка за нестручно работење од времето кога бил претседател на Апелациониот суд во Штип. На затворена седница, членовите на Советот одлучиле дека постапката за негово разрешување била неоснована.

Од редовите на судиите на кандидатската листа за апелациското подрачје Скопје и од управните судови се двајца кандидати откако на седницата беше усвоен приговорот на судијата од Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев, чија кандидатура првично не беше земена предвид поради некомплетно доставена пријава. Во гласањето по неговиот приговор, осум членови на Советот гласаа за прифање, а двајца, меѓу кои и поранешната претседателка на Советот Весна Дамева, беа против.

Покрај Нанев, кандидатура за нов член на Судскиот совет поднесе и Антонета Димовска, судија од Граѓанскиот суд Скопје.

Судскиот совет во последниве месеци се соочува со низа скандали и контроверзни одлуки, поради што се најде на тапет и на меѓународната јавност, но и на експертите и на луѓето од правосудството.

Од Блупринт групата за реформи во правосудството неодамна изјавија дека одлуката на двајцата члена на Судскиот совет кои поднесоа оставки од нивната функција е во добра насока и се надеваат дека и другите членови ќе го следат овој чекор, но такво нешто не се случи.

Блупринт група: Оставки треба да поднесат сите членови на Судскиот совет

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...