fbpx

Одбележани 30 години од дипломатските односи меѓу С.Македонија и Обединетото Кралство

На настанот присуствуваше специјалниот пратеник за Западен Балкан, лордот Стјуарт Пич и амбасадорот на Обединетото Кралство во Скопје, Метју Лосон

-

Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје вчера вечер во Музејот на современа уметност организираше настан по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, како и одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети, информираат од амбасадата.

На настанот присуствуваше специјалниот пратеник за Западен Балкан, лордот Стјуарт Пич и амбасадорот на Обединетото Кралство во Скопје, Метју Лосон. Претставници од владата, граѓанското општество, алумнисти на Чивнинг, медиуми и пријатели на Обединетото Кралство во земјава присуствуваа на синоќешниот настан.

„Секогаш ќе ја поддржуваме Северна Македонија како рамноправен партнер во трговијата, инвестициите, во НАТО, ОБСЕ, Обединетите нации. Нашето партнерство се однесува и на вашата култура, јазик и историја. Ние сме горди на нашата историја и нашиот јазик во Обединетото Кралство, особено оваа година со крунисувањето на нашиот нов крал, и разбираме и почитуваме дека и вие сте горди на вашиот јазик и вашата историја“, изјави амбасадорот Метју Лосон во својот говор.

„Ние ќе продолжиме да стоиме рамо до рамо со сите граѓани на Северна Македонија кои работат на обезбедување стабилна иднина во срцето на евроатлантската заедница. Ќе ве поддржиме во градењето стабилни институции за поддршка на оваа цел, во развојот на економијата и создавањето работни места кои ќе осигураат посветла иднина за следната генерација“, изјави специјалниот пратеник за Западен Балкан лордот Стјуарт Пич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...