fbpx

Шаќири во мај во Лондон ќе учи какви образовни политики да спроведе

Министерот и британскиот амбасадор разговаралe за тековните состојби во националниот образовен систем, како и за заедничките активности за подобар квалитет на образованието

-

Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон и директорката на
Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс, денеска го поканија министерот за образование Јетон Шаќири да присуствува на Светскиот образовен форум кој ќе се одржи во мај во Лондон. Тие на средба со министерот, го потсетија дека во тек се подготовки за организација на најголемиот светски собир на министри од областа на образованието и вештините и му укажаа дека треба да присуствува на манифестацијата на која се разменуваат искуства и се креираат насоки за идните образовни политики.

На 15 ноември лани, добивме неповолен извештај од Европската комисија за нашиот образовен систем. Во него беше наведено дека Македонија е „умерено подготвена“ во областа на образованието и културата, но и дека бил постигнат „ограничен напредок“ во воведувањето на насоки и програми за зајакнување на инклузивноста, додека пак, имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 продолжила да биде бавна.

Како што информираа денеска во Министерството за образование и наука, министерот Шаќири со британскиот амбасадор разговарал за тековните состојби во националниот образовен систем, како и за заедничките активности кои двете страни ги реализираат во насока на подигнување на квалитетот на образованието во државата.

„Посебно ми значи поддршката за развој на дигиталните вештини кај младите, како и поддршката за подигнување на мотивацијата на наставниците и јакнењето на нивните компетенции“, рече Шаќири.

Инаку, во извештајот на ЕК, што се однесува до парите кои Владата ги одвојува за образование, е наведено дека јавната потрошувачка за образование и обука благо се намалила на 3,71 отсто од БДП во 2022 година (3,98 отсто во 2021 година), што е сè уште далеку под просекот на ЕУ, кој изнесува 5 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...