вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: дипломатски односи | 15 резултати

Лимински: Германија е на ваша страна, сметајте на нашата поддршка

март 21, 2023

Треба да ги отстраниме бариерите на патот кон ЕУ, бидејќи Северна Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европската Унија, кажа министерот за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, во своето браќање пред младите на конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка […]

Вистиномер: Не е точно дека Кина ги прекинала дипломатските односи со САД

август 10, 2022

Во постот е споделен текст со сензационалистички и манипулативен клик-бејт наслов, којшто ги измамува читателите да донесат погрешен заклучок. Од насловот на текстот се добива впечаток дека односите помеѓу Кина и САД се толку лоши што тие прекинале секаква комуникација, што не е точно. И покрај напнатата атмосфера што владее помеѓу овие две велесили изминатиот […]

Република Северна Македонија воспостави дипломатски односи со Кипар

август 30, 2019

Денеска, во Хелсинки, во рамки на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Христодулидис, го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, информираат […]

Јордан ги ограничува дипломатските односи со Катар

јуни 7, 2017

Портпаролот на јорданската влада, Мухамед Мумани, соопшти дека земјата ќе го ограничи своите дипломатски односи со Катар и ќе ги затвори локалните канцеларии на „Ал Џазира“ во оваа земја. Мумани соопшти дека одлуката е донесена за да се осигури регионална безбедност, за да се координира политиката на арапските земји и да се стави крај на кризата […]

Катар ги повика арапските земји на дијалог

јуни 6, 2017

Шефот на катарската дипломатија, Мухамед бин Абдул Рахман, денеска ги повика на дијалог арапските земји кои ги прекинаа дипломатските односи со неговата земја, уверувајќи дека врските на Катар со Соединетите Американски Држави ќе останат цврсти, јавуваат светските агенции. Помалку од 24 часа од одлуката на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Египет и на […]

Герџиков призна дека има тензија меѓу Бугарија и Турција

март 10, 2017

Има одредена тензија во дипломатските односи меѓу Бугарија и Турција, призна денеска техничкиот премиер на Бугарија, Огњан Герџиков. При посетата на подунавскиот град Русе, премиерот изјави дека Бугарија треба да има добрососедски односи со Турција и дека „вакви обиди за не баш коректно однесување во предизборниот период не се добри“, посочувајќи на изјавите на турскиот […]

Македонија и Малта воспоставија дипломатски односи

јануари 25, 2017

Република Македонија и Република Малта воспоставија дипломатски односи, што е резултатот од интензивната комуникација во текот на 2016 година на политичко и дипломатско ниво меѓу двете страни. Чинот е проследен со предлог за именување на нерезидентен амбасадор и упатување на македонски дипломат во Ла Валета. Ова е од исклучителна важност поради тоа што Република Малта […]

Трамп телефонски разговарал со претседателката на Тајван, остри реакции од Кина

декември 3, 2016

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја прекина децениската традиција така што директно телефонски разговарал со претседателката на Тајван, Цај Инг-вен, што предизвика остри реакции од Кина, пренесуваат светските агенции. Од Вашингтон соопштија дека Трамп и Цај Инг-вен во текот на разговорот ги истакнале „посебните врски меѓу Вашингтон и Тајпеј во областа на економијата, политиката и […]

Русија размислува за раскинување на дипломатските односи со Украина

август 12, 2016

Москва разгледува како да одговори на обидите на украинските разузнавачки служби да организираат диверзии на Крим, а меѓу опциите е и раскинување на дипломатските односи меѓу двете земји, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на извор од руските дипломатски кругови. Весникот наведува дека Москва би можела да ја затвори руската амбасада во Киев и да ги […]

Саудиска Арабија го прекина авиосообраќајот со Иран

јануари 4, 2016

Саудиската управа за воздушен сообраќај денеска соопшти дека сите летови кон Иран и од таа земја кон Саудиска Арабија се откажани, затоа што Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран. Прекинот на авиосообраќајот се случува откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиската власт во таа […]

И Судан ги прекина дипломатските односи со Иран

јануари 4, 2016

Судан денеска соопшти дека ги прекинал дипломатските односи со Иран, откако претходно Саудиска Арабија и Бахреин исто така ги прекинаа врските со Техеран во рамките на новото затегнување на односите на Блискиот Исток. Последните тензии меѓу арапските земји настанаа откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на […]

Страна 1 од 1