fbpx

Мирно е утрово на северот на Косово

Инцидентите вчера се случија во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, кога новите градоначалници, избрани на вонредните локални избори на 23 април со помош на полицијата се обидоа да влезат во општинските згради, а граѓаните дадоа отпор на оваа одлука и се собраа пред општините

-

Ден по вчерашната акција на косовската полиција, кога се случија инциденти во три општини на северот на Косово, ситуацијата е мирна. Специјалните единици на косовската полиција продолжуваат со обезбедување и контрола на општинските згради, јавува Коссев.инфо.

Инцидентите вчера се случија во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, кога новите градоначалници, избрани на вонредните локални избори на 23 април со помош на полицијата се обидоа да влезат во општинските згради, а граѓаните дадоа отпор на оваа одлука и се собраа пред општините.

Бидејќи градоначалниците не можеа да влезат со помош на редовните полициски сили, интервенираа специјални единици на косовската полиција. Беше употребен солзавец и шок бомби, а меѓу демолираните полициски автомобили имаше и еден запален во Звечан. Од друга страна, десетици граѓани се полесно повредени поради употреба на солзавец.

Денеска во Белград ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност на која ќе присуствува и претседателот Александар Вучиќ.

Остри реакции од меѓународната заедница за денешните немири на Косово

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...