fbpx

Пазарниот инспекторат за непочитување на замрзнатите цени пишува казни

Од Инспекторатот велат дека функционираат со својот полн капацитет, а покрај редовните контроли, потсетуваат дека постапуваат и по пријави доставени од граѓани

-

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на минатата недела извршил повеќе од 160 инспекциски надзори на целата територија на државата, при што наплатил и издал над 175 прекршочни платни налози со вкупна вредност над 6,2 милиони денари.

Особено голем бил бројот на надзори во делот на почитување на владините одлуки во врска со замрзнатите цени.

Инспекторатот информираше дека се извршени над 530 инспекциски надзори и контроли според Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки, откако Владата одлучи да ги намали цените на тестенините и млечните производи, а претходно и на лебот. Во некои економски субјекти биле констатирани прекршоци за што се издадени казни во висина од над 1,75 милиони денари.

Извршени биле и надзори во делот на почитување на одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари.

„Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори во согласност со своите надлежности. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на законите по кои постапува пазарниот инспекторат. Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности“, велат од ДПИ.

Од Инспекторатот велат дека функционираат со својот полн капацитет, а покрај редовните контроли, потсетуваат дека постапуваат и по пријави доставени од граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...