fbpx

Од утре тестенините и млечните производи со намалени цени, инспекторатот најавува контроли и казни

Во случај да се утврди прекршување на одлуките од страна на трговците, според ДПИ, ќе следуваат казни кои произлегуваат од Законот за трговија. Казните изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор

-

Одлуката на Владата за намалување на цените на тестенините и на млечните производи се донесоа пред речиси една недела, а од утре веќе и официјално стапуваат во сила. Во маркетите граѓаните ќе можат да купат за 15 отсто поевтини тестенини и за 10 отсто поевтини млечни производи.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најавува дека од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со владината одлука.

„Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик“, преку соопштение изјави директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Во случај да се утврди прекршување на одлуките од страна на трговците, според ДПИ, ќе следуваат казни кои произлегуваат од Законот за трговија. Казните изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Според владината одлука објавена во Службен весник, следува поевтинување на следните производи: тестенини (макарони и шпагети), трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал; кисело млеко; павлака и јогурт, без додатоци.

Од Државниот пазарен инспекторат ги повикуваат граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават кај инспекторите.

„Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сè уште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба“, велат од ДПИ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...