четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: инспекциски надзор | 25 резултати

Инспекторите на терен: И покрај забраната, работници над 60 години асфалтираат улица во Кисела Вода

24 јули 2023

Ненајавена посета на две градилишта во општина Кисела Вода денеска имале министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, заедно со тим инспектори. Целта на нивното излегување на терен за време на забраната за работа на отворено била да увидат дали се почитуваат мерките поради портокаловата […]

Меџити: Лично ќе иницирам инспекциски надзор и при најмал сомнеж за несоодветен третман

19 јули 2023

Лично ќе иницирам инспекциски надзор за секој случај за кој постои и најмал сомнеж за тоа дали е обезбедена соодветна здравствена заштита за пациентите и дали тие добиле соодветен третман, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната работна средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска. На средбата беше разговарано […]

Пазарниот инспекторат за непочитување на замрзнатите цени пишува казни

23 март 2023

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на минатата недела извршил повеќе од 160 инспекциски надзори на целата територија на државата, при што наплатил и издал над 175 прекршочни платни налози со вкупна вредност над 6,2 милиони денари. Особено голем бил бројот на надзори во делот на почитување на владините одлуки во врска со замрзнатите цени. […]

Градските власти денеска ја поднесоа најавената кривична пријава против „Титан Усје“

18 јануари 2023

Градот Скопје денеска ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, соопштија градските власти. Тој, како што велат оттаму, како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и […]

ДПИ одлучи дека УКИМ не смее да бара од идните студенти дополнителни изјави

23 август 2022

На само неколку дена пред рокот за запишување на нови студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заинтересираните лица за студирање се на маки кои документи треба да ги соберат за да се пријават на студиските програми на факултетите. Изминативе денови студенти се жалеа дека факултетите на овој скопски универзитет им барале на […]

По објавата на „Мета.мк“, инспектори појдоа на депонијата со отпаден гипс кај Згрополци

21 август 2022

Нема табла со известување за опасност, не е поставена ограда околу депонијата, нема присуство на луѓе во околината, но има пристапен земјен пат до рамниот дел од депонијата и забележани се траги од измет на кози и овци на пристапниот пат до депонијата. Ова се само дел од податоците наведени во Записникот за извршениот инспекциски […]

Внимавајте од каде купувате хамбургери, во лето е голем ризикот од труење со храна

7 јуни 2022

Секоја година околу 600 милиони луѓе во светот се разболуваат како резултат на околу 200 различни видови на болести предизвикани од храна. Безбедноста на храната игра витална улога во намалувањето на болестите што се пренесуваат преку храна. Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедност на храната. Само во првите три месеци од годинава, инспекторите во […]

Инспекторатите бараат арсенот во Лојане и Табановце да се огради и да има табли за предупредување

12 февруари 2022

По пишувањата на Мета.мк и Порталб.мк за опасностите од расфрланиот арсен и други отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце, Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) на 4 февруари годинава изврши инспекциски надзор на посочените локации и констатирале дека јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај железничката станица во Табановце не се оградени […]

Концесионерот на арсенот кај Лојане не поставил ограда оти мислел дека ќе го извезе за 6 месеци

29 јануари 2022

Имавме план да го продадеме целокупниот материјал во Кина за 6 месеци и поради тоа не помисливме дека е неопходно да се постави ограда околу јаловиштето кај рудникот „Лојане“. Ова е одговорот што го добивме од турската компанија „Калтун Мадденџилик“ на прашањето зошто не е поставена ограда и информативни табли околу локацијата каде што е […]

Концесионерот што треба да го исчисти арсенот во Лојане молчи, власта најавува инспекција

21 јануари 2022

По објавата на Мета.мк за состојбата со складираниот арсен и други токсични минерални суровини во јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај селото Табановце, од Министерството за економија иницираа барање до надлежните инспекторати да извршат увид и да преземат соодветни мерки доколку констатираат недостатоци на терен. Инспекциски надзор треба да извршат Државниот инспекторат […]

Софтверот „Е-Инспектор“ ќе ја елиминира субјективноста при инспекциските надзори и контроли

22 ноември 2021

Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, изјави на денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Николовски посочи дека за ова дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата веќе се обезбедени лаптопи, неопходни за дигитално спроведување на надзорите и контролите за трите клучни инспекторати […]

Рудникот „Булмак 2016“ заради истекување јаловина може да добие казна и до 100.000 евра

27 август 2021

Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден инспекциски надзор во рудникот во Пробиштип „Булмак 2016“ по добиена пријава преку електронска пошта дека има истекување на јаловина од скршена каналетка од транспортниот систем во рудникот. Во надзорот, направен на 25 и 26 август, инспекторите констатирале дека јаловината истекува од скршена каналетка на земјениот пат под старото […]

Инспекторите за животна средина за шест месеци напишале 36 казни од 3.000 до 20.000 евра

4 август 2021

Инспекторите за животна средина во изминатите шест месеци напишале 36 парични казни, од кои најниската била 3.000, а највисоката 20.000 евра. Во тој период биле направени 1.132 инспекциски надзори, што е за 30 отсто повеќе од планираното, а 20 отсто повеќе од истиот период лани. Инспекторите за животна средина детектирале 363 неправилности, од кои 43 […]

„Пејпар Мил“ повторно чади, оштетен филтерот што го спаси воздухот во Кочани

8 јули 2021

Од оџаците на кочанската фабрика „Пејпар Мил“, повторно излегува чад и се чувствува мирис во околината, откако по инсталацијата на нова опрема бил оштетен филтерот. Ова го констатирал Државниот инспекторат за животна средина на вонреден надзор кој бил направен по барање на жителите на Кочани. На фабриката, инспекторите ѝ наложиле во рок од еден месец […]

Отпадните води од хотели во Маврово директно се испуштаат во Мавровско езеро и река Радика

5 март 2021

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) по претставка на граѓани изврши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот парк Маврово. Досега биле инспектирани 18 објекти и утврдено е дека 9 не поседуваат Елаборат за заштита на животната средина, информираат од ДИЖС. „Голем број инспектирани угостителски објекти директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско […]

ДИЖС утврди низа пропусти во работењето на РЕК Осломеј

10 февруари 2021

Државниот инспекторат за животна средина вчера утврдил низа пропусти во работењето на РЕК Осломеј при извршениот редовен надзор во термоцентралата. По увид во извештај за мерења од страна на акредитирана лабораторија, биле утврдени надминувања на граничните вредности за емисија на прашина, иако отпрашувањето се врши преку електростатски филтер. А од старата депонија, отстранетата сува пепел […]

Поради преголема бучава инспекторите го затворија кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец

30 октомври 2020

По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект Интермецо ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава, па затоа Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение со кое на правниот субјект […]

Минатата недела извршени 3.959 инспекциски контроли, поднесени кривични и прекршочни пријави

28 октомври 2020

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција ги презентираше податоците од спроведените контроли извршени во периодот од 19 до 25 октомври од страна на Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот трудов инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за лекови и медицински средства. Во наведениот […]

Изречени казни од 7.000 евра за бесправни тераси и шанкови во Охрид

4 август 2020

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на […]

Хрватска попушти, ги враќа старите цени за контрола на овошјето и на зеленчукот

10 август 2017

Хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ, се откажал од зголемувањето на надоместокот за фитосанитарна инспекција на овошјето и на зеленчукот што се увезува во Хрватска од Македонија, Србија, БИХ и од Црна Гора, јави хрватскиот „Т-портал“. Со тоа, цената на контролата по производ ќе изнесува 90 куни (12 евра) како и досега, наместо 2.000 куни […]

Страна 1 од 2