fbpx

Путин објави воена состојба во четирите „анектирани“ региони на Украина

-

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека потпишал закон со кој се прогласува воена состојба во четирите региони на Украина коишто официјална Москва ги анектираше, односно регионите Херсон, Запорижја, Донецк и Луханск.

„Референдумите“ за отцепување од Украина на четирите региони организирани од руските сили и подоцнежната нивна анексија од Русија досега не ги признала ниту една држава, јави Си-Ен-Ен.

Иако во моментот на анексијата Путин тврдеше дека регионите се под целосна руска контрола, тие всушност не се. Во неколкуте седмици од анексијата украинските оружени сили успеаја повторно да освојат дел од териториите на овие региони.

Одлуката за прогласување воена состојба се случува во очекување на голема украинска офанзива за враќање на регионите, коментираат светските медиуми.

Во меѓувреме, продолжуваат и руските ракетни напади врз Кијив, главниот град на Украина и украинската противвоздушна одбрана успеала да собори неколку руски ракети, пишува Си-Ен-Ен. Нападите се интензивирани околу пладне, а се случува и во изминаите денови, при што во понеделникот загинаа најмалку петмина, а вчера најмалку тројца луѓе во Кијив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...