Нуредини се сретна со амбасадорот Лосон, потврдени политиките за транзиција кон зелена економија

Фото: МЖСПП

Министерот за животна средина Насер Нурдини се сретна со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон, со кој разговараше за добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели.

Нуредини го информираше Лосон за стратешките определби на Министерството и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија.

„На средбата се разменија информации за активностите реализирани согласно заклучоците на  минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство. Се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради глобална енергетска криза“, се вели во соопштението на Министерството.