Од направени 598 тестови во изминатото деноноќие, 34 се позитивни на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се девет реинфекции. Освен тоа, регистрирани сe и 47 оздравени пациенти.
„Иаминатото деноноќие нема регистрирани починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, регистрирани се две починати лица, едното од Скопје (72г) и од Прилеп (77г). Едно лице е починато во домашни услови и едно лице во болнички услови. Починатите лица се регистрирани во периодот од 17.09 до 01.10“, информираат во министерството.
Во државата досега се направени вкупно 2.178.565 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, бројот на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556 а бројот на активни случаи изнесува 320.