fbpx

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одлучува дали се врши дискриминација на лицата со посебни потреби во Канцеларијата во Карпош

-

По објавувањето на истражувачката сторија на Порталб.мк , Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе го разгледа барањето за да се утврди дали во Канцеларијата за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ во Карпош се врши дискриминација на лицата со посебни потреби.

Порталб.мк посети неколку од канцелариите каде што граѓаните можат да комуницираат со нивниот локален пратеник. При нашата посета во канцеларијата која се наоѓа во Карпош, видовме дека таа се наоѓа на надвозник, односно мост, и дека од двете страни за пристап не функционираат лифтовите и електричните скали. Ова го им го оневозможува пристапот на лицата со посебни потреби.

Порталб.мк го пријави случајот до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а од таму изјавија дека барањето ќе се разгледа на седница на Комисијата, по што ќе се донесе одлука.

Инаку, според сторијата на Порталб.мк, граѓаните треба насекаде да ги бараат вработените во Канцелариите за контакт со граѓаните, кои се одговорни во определеното време да овозможат комуникација меѓу пратениците и граѓаните. Порталб.мк посети 4 канцеларии на различни локации и тоа во Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да види како тие функционираат. При посетата на терен видовме дека во канцелариите не се почитува работното време, а дел од нив не одговараат ниту на телефонските повици. На граѓаните не им е лесно да контактираат со претставниците на пратениците кои треба да ги слушнат нивните проблеми и потреби, а потоа да ги достават до Собранието за да се изнајде конкретно решение.

Канцелариите на пратениците за комуникација со граѓаните затворени кога треба да работат

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...