fbpx

Владата го одобри францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ

-

На одржаната 60-та седница, Владата ги разгледа и усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и врз основа на тие заклучоци донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни, соопшти претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по завршувањето на владината седница.

„Со оваа одлука го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Со оваа владина седница заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“, изјави Ковачевски.

Тој им се заблагодари на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за, како што рече, нивната исклучителна посветеност при зачувувањето и унапредувањето на државните позиции во целиот процес кој претходел на собраниската расправа.

Премиерот рече дека во следните денови и недели, конечно, по 17 години, ќе пристапиме кон почеток на преговорите со ЕУ.

„Ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата, а ние сме веќе на чекор од одржувањето на првата меѓувладина седница, која ќе го означи почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ“, истакна Ковачевски и додаде дека од денеска се отвораат нови перспективи за државата и нови можности за просперитет на граѓаните.

Ковачевски најави дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи во вторник, 19 јули, во Брисел.

„Потоа, Европа ќе биде во Скопје, а Република Северна Македонија во Брисел, со полн капацитет, со пристап кон фондови, со пристап кон знаења, вистински принципи и најважно, вредности кон кои се стремиме и ги посакуваме и сето тоа врз основа на нашата национална и државна засебност, историја, идентитет кој ќе се гледа во сите европски центри“, рече Ковачевски повикувајќи на обединување.

Собранието ги изгласа прeдложените заклучоци за францускиот предлог

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...