fbpx

Судбината на Мариупол му се заканува и на опколениот Чернихив, во Ирпин употребена фосфорна муниција

-

Покрај битката за Мариупол, слична катастрофална судбина му се заканува и на градот Чернихив на северот на земјата, којшто е опколен од руските сили. Весникот „Гардијан“ јавува дека околу 150.000 жители од овој украински град веќе неколку дена се оставени без струја, а локалните власти предупредуваат дека ги трошат и последните резерви на вода за пиење.

Весникот јавува дека од четврток за жителите на Чернихив ќе се воведат рестрикции за вода, при што еден жител би можел да добие максимум по 10 литри вода дневно. Со бомбардирањето на мостот на реката Десна, прекината е и последната рута за прием на хуманитарна помош за овој град.

Во меѓувреме, градоначалникот на градот Ирпин лоциран во Киевската област, Олександар Маркушин обвини дека руските сили користат фосфорна муниција во нападите врз неговиот град. Тој обвини дека употребата на фосфорни бомби е злосторство против човештвото и претставува прекршување на Женевската конвенција од 1949 година, јавува Укринформ.

Украинските власти објавија дека во гранатирањето на Рубижње во Луганската област животот го загубиле најмалку две деца. Во Миколаевскиот регион, на брегот на Црното море, во изминативе 24 часа се регистрирани најмалку 2 загинати и 44 повредени лица во руските напади на села и градови, јавува Укринформ.

Во меѓувреме, Би-би-си јавува дека борбите продолжуваат и во пристанишниот град Мариупол на Азовското море, каде што жителите подолго време се оставени без струја, вода и храна. 90 отсто од зградите во Мариупол се оштетени или уништени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...