fbpx

Вистиномер: Смртта на руската манекенка Грета Ведлер нема никаква врска со нејзините критики за Путин

-

Не е точно дека манекенката Грета Ведлер била убиена пред неколку дена во силна акција на руските вооружени сили, како што се посочува во текстот. Трупот на руската манекенка е пронајден сокриен во куфер, повеќе од една година откако таа исчезна, по нејзините критики кон Владимир Путин, пишува британски „Мирор“. Поранешното момче на руската манекенка, Дмитриј Коровин (23), признал дека ја задавил до смрт по расправијата за пари во Москва, што не било поврзано со нејзините политички ставови, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук преку навивачки наслов, ја поврзува смртта на руската манекенка Грета Ведлер со рускиот претседател Владимир Путин. Нашата проверка на факти покажа дека тоа не е точно.

Постот споделува напис со непрофесионален наслов, кој наместо да информира, коментира „КОНЕЧНО УБИЕНА полковничка на НАЦИСТИЧКИТЕ бригади во Русија“.

Во написот се посочува дека Ведлер била полковничка на нацистичките бригади и дека била убиена во силна акција на руските вооружени сили.

Таа опасна наци терористка се маскирала како манекенка, а веќе стекнала вистинско нацистичко искуство на нејзини 23 години и стана вистинска закана за слободата на Русија и за демократскиот лидер другарот Путин. Таа наци кучка си дозволуваше јавно да го критикува рускиот претседател Владимир Путин, конечно беше откриена и убиена. Таа опасна полковничка Грета Ведлер на нацистичките бригади во Русија изврши атентат врз лидерот кога изјави дека Путин е психопат. Има информации дека планирала и да употреби молотов коктел, а се преправала дека пие сокче од дуњи од тоа шише. Акцијата за нејзина неутрализиција ја извршило нејзиното поранешно момче Дмитри Коровин, кој ја задавил со голи раце за да спречи атентат врз големиот војсководец Путкин, стои во написот.

Не е точно дека манекенката Грета Ведлер била убиена пред неколку дена во силна акција на руските вооружени сили, како што се посочува во текстот. Трупот на руската манекенка е пронајден сокриен во куфер повеќе од една година откако таа исчезна по нејзините критики кон Владимир Путин, пишува британски „Мирор“.

Дваесет и тригодишната Ведлер беше убиена еден месец откако на социјалните мрежи го нарече Путин „психопат“ и прогнозираше дека неговиот обид за „зајакнување на интегритетот на Русија ќе заврши со солзи“.

Важно е психопатите секогаш да имаат чувство на исполнетост и острина во животот, па затоа сакаат ризик, интензивни искуства, интензивна комуникација, интензивна активност – интензивен и динамичен живот. Можеби тој навистина сака да го подобри интегритетот на Русија и искрено посакува добро на Русите. Но, дали тој навистина може да направи нешто ? Мислам дека и вие самите го знаете одговорот на ова прашање, изјави тогаш Ведлер.

Нејзиното „љубоморно“ поранешно момче Дмитриј Коровин (23), една година подоцна признал дека ја задавил до смрт по расправијата за пари во Москва, што не било поврзано со нејзините политички ставови.

Тој им рекол на истражителите дека три ноќи спиел во хотелска соба со нејзиниот труп кој го ставил во куфер. Потоа го возел нејзиното тело 300 милји до регионот Липецк и го оставил во багажникот на автомобил, каде што стоел повеќе од една година.

Коровин постојано објавувал фотографии и пораки на социјалните мрежи на манекенката, за да ги натера пријателите да веруваат дека таа е сè уште жива, изјавил тој за полицијата, пренесува Мирор.

Објавите на Ведлер за Путин во јануари 2021 година, еден месец пред да биде убиена, не се сметаат дека се поврзани со нејзината смрт.

Веста за пронајденото тело на Ведлер ја пренесоа и македонските медиуми.

Според ова, не е точно дека Ведлер била полковничка на нацистички бригади маскирана во манекенка. Таа не била убиена пред некој ден во акција на руските вооружени сили, туку била убиена пред една година, а сега е пронајден нејзиниот труп. Убиецот е нејзиното бившо момче кое го признало делото. Поради тоа, написот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...