fbpx

Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД

-

Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар во историјата на Соединетите Американски Држави, почина од канцер на 84 годишна возраст, објави нејзиното семејство, пренесе „Асошиејтед прес“.

И покрај тоа што беше дел од Демократската партија, таа работеше и со Републиканците, а во 1996 година беше одбрана од претседателот Бил Клинтон да биде врвниот американски дипломат. Претходно работеше како амбасадор на САД во Обединетите Нации, каде беше втората жена на оваа позиција во историјата, пишува АП.

Објавувајќи ја веста за нејзината смрт на Твитер, семејството на Олбрајт посочи дека таа починала од канцер и дека била опкружена од семејството и пријателите: „Загубивме сакана мајка, баба, сестра, тетка и пријателка“, се вели во објавата.


Набргу потоа беа објавени повеќе пораки со сочувство.

Поранешниот претседател  Бил Клинтон ја нарече „еден од најдобрите државни секретари, одличен амбасадор во ОН, брилијантна професорка и извонредно човечко суштество“.

„Бидејќи од прва рака знаеше дека американските политички одлуки имаат моќ да направат разлика во животите на луѓето ширум светот, таа гледаше на нејзините работни места и како обврска и како можност“, напиша Клинтон.

„И низ сето тоа, дури и до нашиот последен разговор пред само две недели, таа никогаш не ја изгуби својата одлична смисла за хумор или решеноста да излезе во јавност, поддржувајќи ја Украина во нејзината борба за зачувување на слободата и демократијата“, додаде тој.

Поранешниот претседател Џорџ В. Буш, пак, за Медлин вели дека „го живееше американскиот сон и им помогна на другите да го остварат. … Таа служеше како државен секретар со дистинкција како родена во странство и од прва рака ја разбираше важноста на слободните општества за мирот во нашиот свет“.

Претседателот Џо Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен информацијата за смртта на Олбрајт ја добиле додека летале за Брисел на итен состанок на лидерите на НАТО за Украина.

Медлин Олбрајт: Бугарските барања за Северна Македонија се целосна трагедија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...