fbpx

Речиси сите полицајци од граничен премин во Косово уапсени во истрага за корупција

-

Со лисици на рацете и на распит завршија 48 гранични полицајци и двајца цариници, по истрагата на косовскиот Полициски инспекторат во координација со Специјалното обвинителство која траеше 10 месеци.

Според порталот KALLXO.com, уапсени се речиси сите припадници на граничната полициска станица Ѓаковица.

Полицискиот инспекторат соопшти дека постои основано сомнение оти уапсените во овој случај се инволвирани стотици пати (над 400 пати) во криминални активности.

„Учество и организирање на криминална група“, „Неовластено купување, држење, дистрибуција и продажба на наркотични дроги, психотропни супстанции и аналози“, „Злоупотреба на службена положба или службено овластување“, „Поткуп“, „Вршување влијание“, „Криумчарење на стока“, се кривичните дела за кои се осомничени полицајците, за кои државното обвинителство поднесе барање до Основниот суд во Приштина за определување мерка притвор.

Специјалното обвинителство на Косово на 7 февруари годинава добило кривична пријава од Полицискиот инспекторат (ПИК) за високи функционери дека понекогаш организирано, а понекогаш и индивидуално, ја злоупотребиле службената положба примајќи мито од косовски и граѓани од Албанија за да им се овозможи влез во Косово со избегнување на царински давачки и такси.

Државниот обвинител на 01.06.2021 година донел решение за поведување истражни постапки против останатите обвинети поради сомнение дека го сториле кривичното дело за кое е поднесена пријавата. Потоа, на 15 октомври истата година, Обвинителот донел решение за продолжување на истрагата за да ги опфати горенаведените обвинети.

Инаку, ден претходно, Полицискиот инспекторат на Косово преку соопштение до медиумите објаснидека по наредба на Специјалното обвинителство ја извршила акцијата со кодно име „Пика“ која започна во раните утрински часови во понеделник во Ѓаковица. и Призрен, што резултираше со апсење на 50 лица.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...