Уште еден животен сон згасна – во Украина убиена 21-годишна учесничка на олимпијади и натпревари

Подметната помба во бар во Харков, источна Украина

Јулија Здановска е 21 годишна Украинка која трагично го загуби животот минатата недела, за време на воздушните напади од страна на руската војска на вториот по големина украински град Харкив, во кој во периодот од 8 до 9 март беа извршени повеќе од 50 воздушни и артилериски напади.

Таа во моментот се наоѓала во еден од волонтерските кампови како волонтер за помош и спасување на луѓе и животни, а притоа нејзина била одлуката да остане во родниот град за време на започнувањето и траењето на конфликтот меѓу Украина и Русија.

„Ќе останам додека да победиме“, изјавила Јулија.

Таа беше еден од најсветлите умови на целата нација, освојувајќи го вториот медал на Европската женска математичка олимпијада во 2017 година, постојан учесник и победник на број на натпревари од областа на математиката и компјутерските науки.

„Со толку стекнати учества и победи, Јулија можеше да си ја избере својата кариера, било што да избереше таа ќе успееше. Беше навистина посветена, чувствуваше посебна пасија за математиката и за децата.“, пишуваат од организацијата ЕГМО.

Животниот сон на Јулија бил да работи со математика и со деца. Таа сакала да се приклучи кон образовниот систем во својата земја, да издејствува промени и да им предава на деца кои живеат во помалите градови и села низ Украина, а каде условите на учење не се толку високи и квалитетни.

Канадскиот амбасадор на Украина, дипломатот Роман Вашчук на својот профил на социјалната мрежа Твитер со отворени зборови напиша дека убивачките потези на претседателот на Русија ги уништуваат младите Украинци што имаат нешто да му понудат на светот.

„Бездушната војска на убијци на Путин буквално ги уништува младите украинци кои имаат толку многу да понудат на глобално ниво: Јулија Здановска, светски шампион на натпревар по математика, учесник во „Учи за Украина“, хуманитарен волонтер за време на војна. Убиена во воздушен напад на Харков. Почивај во мир.“, пишува во твитот.

Според последните официјални бројки, вчера беше пријавено загинувањето на 90 деца во конфликтот меѓу Русија и Украина.