fbpx

Регистрирани послаби земјотреси во Скопје и Албанија

-

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 9.3.2022 година, регистрира земјотрес чии епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 9 часот и 48 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината“, соопштија сеизмолозите.

Покрај земјотресот во Скопје, утринава е почувствуван земјотрес и во Албанија и во Црна Гора.

Сеизмологијата на црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија утрово околу 04.50 часот регистрираше помал земјотрес во Црна Гора, со епицентар на шест километри јужно од градот Коплик во Албанија.

Според подгорички „Вијести“, јачината на земјотресот во епицентарот бил 3,3 степени според Рихтеровата скала, што одговара на интензитетот на епицентарот од 4 степен од Меркалиевата скала (МЦС).

„Според првичните податоци, епицентарот се наоѓал на длабочина од 20 километри. Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, велат од Сеизмологијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ФЗО протестираат – бараат повисоки плати и разрешување на управниот одбор

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денес протестираат со три барања, потврди претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски. Нивните...