fbpx

Вистиномер: Во Украина нема лаборатории за биолошко оружје управувани од САД

-

Тврдењето дека САД водат тајни биолаборатории во Украина е конспирациска теорија што ја шират руските пропагандисти уште од 2018 година. Објавите погрешно го толкуваат Договорот меѓу САД и Украина од 2005 година, чија цел е да се спречат биолошките закани, а не да се создаваат. Според Службата за безбедност на Украина, лабораториите за коишто се говори на социјалните мрежи се во сопственост и финансирани од украинската влада, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Руската инвазија на Украина донесе лажни тврдења на социјалните мрежи дека цел на нападите се и лабораториите за биолошко оружје, управувани од САД во Украина.

На социјалните мрежи се споделува мапа на која наводно се прикажани локациите во Украина каде што се наоѓаат лабораториите финансирани од САД односно од Пентагон. Ова е неточна информација.

11 Биолаборатории на Америве во Украина
11 PENTAGON BIO LABS IN UKRAINE

Вистината е дека на територијата на Украина нема биолаборатории во сопственост на САД, а ова во неколку наврати е дебанкирано од светските сервиси за проверка на факти.

Објавите погрешно го толкуваат Договорот меѓу САД и Украина од 2005 година, чија цел е да се спречат биолошките закани, а не да се создаваат. Според Службата за безбедност на Украина, главната безбедносна агенција во земјата, лабораториите за коишто се говори на социјалните мржи се во сопственост и финансирани од украинската влада.

Оваа агенција и амбасадата на САД во Украина во неколку наврати рекоа дека ваквите тврдења се лажни. Медиумските извештаи покажуваат дека оваа теорија е поврзана со повеќегодишната руска кампања за дезинформации, чија цел е да ги дискредитира САД.

Според Договорот од август 2005 година, украинската и американската влада се согласиле да соработуваат за „да го спречат ширењето на опасни патогени и поврзаната експертиза и да ги минимизираат потенцијалните биолошки закани“.

Во мај 2020 година, Службата за безбедност на Украина објави соопштение во кое ги повикува политичарите да престанат да шират лажни информации за постоење на странски воени биолошки лаборатории во Украина.

Неодамна, „лажните вести“ за наводните активности на американските воени биолошки лаборатории во Украина се шират во медиумите и социјалните мрежи… Ниту една странска биолошка лабораторија не работи во Украина. Неодамнешните изјави на поединечни политичари не се точни и се намерно искривување на фактите, се вели во соопштението.

Американската амбасада во Украина преку соопштение во април 2020 година, овие теории ги нарече „дезинформации што се шират во некои кругови во Украина што ги отсликуваат руските дезинформации во врска со силното американско-украинско партнерство за намалување на биолошките закани“.

Во Украина нема американска воена лабораторија, рече во изјава за „ПолитиФакт“ Енди Вебер, член на Одборот на директори на Здружението за контрола на оружјето и поранешен помошник секретар за одбрана за програми за нуклеарна, хемиска и биолошка одбрана.

Напротив, Програмата за намалување на кооперативните закани на Министерството за одбрана на САД обезбедува техничка поддршка на украинското Министерство за здравство од 2005 година за подобрување на лабораториите за јавно здравје, чија мисија е аналогна на американските центри за контрола и превенција на болести. Овие лаборатории неодамна одиграа важна улога во запирање на ширењето на ковид-19, изјави Вебер за „ПолитиФакт“.

Тврдењето дека САД водат тајни биолаборатории во Украина е конспирациска теорија којашто ја шират руските пропагандисти уште од 2018 година.

Според тинк-тенкот Атлантски совет, руските пропагандисти долго време шират пропаганда во Украина, вклучително и тврдења дека овие лаборатории експериментираат врз граѓаните.

Кода, непрофитна медиумска компанија, во 2018 година објави дека тврдењето е дел од пошироката кампања за дезинформации од страна на Кремљ за дискредитација на САД во очите на руските прозападни соседи, Украина и Грузија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...