fbpx

Вистиномер: Русија не ѝ се закани на С. Македонија со ракетата „Сармат“

-

Целиот напис, иако тоа не е потенцирано во него, потекнува од твит на поранешниот вицепремиер на Русија, Дмитриј Рогозин, каде тој ја споменува ракетата „Сармат“, но не и нашата држава. Во твитот на Рогозин, се споменуваат Романија и Црна Гора, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека Русија се заканила кон Македонија со ракетата „Сармат“ позната како „Сатана 2“.

Во состав на постот, објавен е напис од медиум, во кој пишува дека ракетата „Сармат“ е закана за Македонија од страна на Русија, откако шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, ѝ се заканил на нашата земја со нуклеарна ракета, бидејќи Македонија не дозволила авионот на Сергеј Лавров да помине низ македонскиот воздушен простор.

Постот е исклучително вирален со над 120 споделувања, повеќе од 1.400 допаѓања и над 1.100 коментари.

Целиот напис, иако тоа не е потенцирано во него, потекнува од твит на поранешниот вицепремиер на Русија, Дмитриј Рогозин, каде тој ја споменува ракетата „Сармат“, но не и С.Македонија.

 

 

Во твитот се вели:

Сармат нема да бара дозвола за прелет од кукавичките Бугари, одмаздољубивите луѓе во Романија и Црногорците кои ја предадоа нашата заедничка историја.

Во твитот на Рогозин, се споменува Романија, а не Македонија, иако романската влада негира дека добила формално барање за прелет на рускиот министер за надворешни работи Лавров преку нејзина територија.

Во написот и во постот кои се предмет на нашата рецензија, не е наведен друг извор од кој може да се поткрепи тврдењето дека Русија ѝ се заканила на Македонија со ракетата „Сармат“. Реакцијата на Рогозин на Твитер, пак, доаѓа откако македонското Министерство за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, поради тоа што владата на нашата земја веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација.

Повеќе медиуми во земјава, ја објавија информацијата за Твитот на Рогозин, меѓутоа доследно, без притоа да манипулираат и да додаваат дека тој ја споменал Северна Македонија, како што тоа се прави во постот што го рецензираме.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека Русија ѝ се заканила на Македонија со ракетата „Сармат“. Во твитот на Рогозин, кој може да се оквалификува како провокација, не се споменува нашата држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...