Две лица се обвинети за помагање на напаѓачот што во саботата изврши напад во Копенхаген.
Во нападот на собирот на карикатуристите е убиен еден маж, на возраст од 40 години, а тројца се повредени. Пукањето се случило за време на трибина за слобода на говор, на кој се расправало за богохулие и за ислам.
На собирот беше присутен и францускиот амбасадор Франсоа Зимеи и шведскиот уметник Ларс Вилкс, познат по карикатурите на пророкот Мухамед. Вилкс, поради карикатура објавена во 2007 година, прими бројни закани за смрт.