fbpx

Спорот за името, доминантен на средбата Коѕиас – Штајнмајер

-

Македонско-грчкиот спор не бил само набрзина спомнат, туку, изненадувачки, бил првата тема на разговорот меѓу шефовите на грчката и на германската дипломатија, Никос Коѕиас и Франк Валтер Штајнмајер. Ова го пренесува весникот „Катимерини“, коментирајќи дека агендата на минатонеделната средба во Берлин била сосема парадоксална и, на големо изненадување, наместо главната тема на агендата да бидат финансиските проблеми и економската криза, министрите се фокусирале првин на спорот за името кој постои меѓу Скопје и Атина.

Според „Катимерини“, Штајнмајер се интересирал зошто сè уште не е постигнато решение, индиректно имлицирајќи дека и Атина е еднакво одговорна како и владата во Скопје што сè уште нема успех во преговорите за името. На строгите германски прашања, Коѕиас посочил дека покрај проблемот со името, за кој најголем дел од грчките политички партии имаат заедничка позиција, односно се согласни на црвените линии за сложено име со географска одредница, постои и голем проблем со иредентизмот од македонската влада.

Двајцата министри се договориле во следниот период подетално и систематски да се разгледа и разговара за спорот за името.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...