fbpx

Регистрирани 920 нови случаи на ковид-19, пријавени 11 починати лица

-

Министерството за здравство информираше дека согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.338 тестови, при што се регистрирани 920 нови случаи на Ковид-19.

Најголем дел од новозаразените се од Скопје – 502,  Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 119 реинфекции.

Во последното деноноќие починале 11 лица – 6 од Скопје, 2 лица од Битола, по едно од Охрид, Струмица и Тетово. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се регистрирани 1.190 оздравени пациенти.

Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје – 6.314.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...