fbpx

Вистиномер: Георгиевски не дал никаква изјава поврзана со случувањата во Украина

-

Се работи за неточна содржина објавена над фотографија од претседателот на ВМРО НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски. Тој за „Вистиномер“ изјави дека се работи за тотална дезинформација, дополнувајќи дека веќе два месеци нема дадено никаква изјава за никаква тема. Инаку, станува збор за преземена сатирична вест, но во објавата на Фејсбук тоа никаде не е наведено, а и според коментарите под постот се гледа дека речиси сите поверувале во напишаното, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Анонимна Фејсбук страница објави пост којшто е невистинит, а во кој се прикажува дека претседателот на ВМРО НП, Лубчо Георгиевски, зазема став во однос на делувањето на македонско – безбедносните сили поврзан со случувањата во Украина.

Георгиевски – Македонските трупи во Украина мора да извршат силен притисок на Русија, се вели во објавата

Се работи за неточна информација напишана над фотографијата на претседателот на ВМРО НП.

Георгиевски за „Вистиномер“ потврди дека објавата е чиста дезинформација.

Се работи за објава која е тотално измислена. Јас веќе два месеца немам дадено никаква изјава за никаква тема , ни изјави Георгиевски.

Кога истата содржина од дезинформацијата ќе се напише на Google пребарувачот ќе се добие сатирична вест објавена од интернет порталот  tvvesti.com, чиј наслов е ист со објавата којашто ја резензираме. На крајот од објавата на tvvesti.com пишува дека:

Статијата е сатира и сите сличности се случајни

Но, за разлика од сатиричната вест објавена на tvvesti.com, на фејсбук постот што го рецензираме никаде не пишува дека се работи за сатира, а според коментарите под оваа објава,  се гледа дека речиси сите поверувале дека Георгиевски кажал дека „Македонските трупи во Украина мора да извршат силен притисок на Русија“.

Земајќи го во предвид сето ова, оценуваме дека Фејсбук постот што е предмет на нашата рецензија неточно тврди дека Георгиевски изјавил дека: Македонските трупи во Украина мора да извршат силен притисок на Русија“ . Со ваквата дезинформација  се нарушува и кредибилитетот на Георгиевски, за што говорат и големиот број коментари  под самата објава – над 200, пишува „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...