fbpx

Алтернатива одлучи – влегува во владејачката коалиција

-

Алтернатива вчеравечер донела одлука да стане дел од владејачкото мнозинство. Како што соопштија од партијата чиј претседател е Африм Гаши, одлуката е донесена на седницата на Централното собрание, а повеќе детали ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција со почеток во 13 часот, што ќе ја одржат Гаши и премиерот Зоран Заев.

Алтернатива има четири пратеника. Посочи дека добива места во новата влада.

Партијата порача дека во досегашните преговори со Заев се договориле владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација, како што се: Монструм, Алфа, Дива Населба, Алмир Алиу итн.

„Сметаме дека постигнувањето на овие договори е голема победа за нашата држава, за Албанците во Северна Македонија и пошироко, но и партиска победа на Алтернативата“, се вели во партиското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...