fbpx
Таг: Алмир Алиу

таг: Алмир Алиу

Алтернатива одлучи – влегува во владејачката коалиција

Алтернатива вчеравечер донела одлука да стане дел од владејачкото мнозинство. Како што соопштија од партијата чиј претседател е Африм Гаши, одлуката е донесена на седницата на Централното собрание, а повеќе детали ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција со почеток во 13 часот, што ќе ја одржат Гаши и премиерот Зоран Заев. Алтернатива има четири пратеника. Посочи дека добива места во...

Kумановскиот суд го одби барањето за замена на помошникот-судија во случајот „Алмир“

Кумановскиот суд го одби барањето на одбраната во случајот „Алмир Алиу“ за замена на помошникот-судија во овој случај, бидејќи се сомневаат дека поради неговата етничка припадност, обвинетиот Бобан Илиќ, тој ќе биде пристрасен во текот на судскиот процес, известува „Порталб.мк“. „Ја примив одлуката, нашето барање е одбиено“, изјави за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ. Одбраната побара да се замени помошникот судија, Љубомир...

Апелација го врати случајот за малиот Алмир на повторно судење

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ. Адвокатите сè уште не ја знаат причината за укинување на случајот, бидејќи се уште не ја добиле одлуката. - Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме...

Додека Могерини говореше, пред Собранието имаше протест за Алмир

Неформалната група „Правда за Алмир“ денеска повторно протестираше поради случајот со загинувањето на 4-годишниот Алмир Алиу минатата година, јави „Порталб“. Протестот се одржа пред Собранието додека внатре пред пратениците се обрати високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини. Според еден од организаторите на протестот, актерот Висар Вишка, целта на собирањето била да се покаже на Могерини дека „правдата во Македонија е мртва“....

Бобан Илиќ осуден на шест години затвор за случајот „Алмир“

Бобан Илиќ е осуден на шест години казна затвор за случајот со малиот Алмир, одлучи кумановскиот суд од каде велат дека казната е соодветна со оглед на настанатите последици. -Судот ги имаше предвид сите докази и закон рамки за или соодветна казна согласно дејствијата кои ги презеле и настанатата ситуација. За останатите тројца, судот ја имаше предвид последицата, затоа е...

Бобан Илиќ не се чувствува виновен за смртта на Алмир, пресуда в четврток

В четврток во 14 часот во Основен суд Куманово ќе биде соопштена пресудата за смртта на 4-годишниот Алмир Алиу, кој пред нецели две години беше прегазен во Куманово. На денешното рочиште на кои се кажуваа завршните зборови, обвинетиот Бобан Илиќ, кој по измената на обвинителниот акт, сега одговара за сообраќајка со смртни последици, рече дека не се чувствува виновен,...

Нема преголеми очекувања од Анкетната комисија за смртта на малиот Алмир

Формирањето на Анкетна комисија во Собранието за случајот со смртта на 4-годишниот Алмир Алиу нема да предизвика значителен напредок, велат експерти за „Порталб“. Иницијативата дојде вчера од пратеничката група на ДУИ по средбата со дел од семејството на Алмир и нивниот адвокат, при што меѓу двете опции - интерпелација на главниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и формирањето Анкетна комисија -...

На протестот пред Владата се бараше нова судска постапка за смртта на Алмир

Со оставање играчки, балони, детска облека на оградата пред Владата мина денешниот протест поради преквалификација на делото од „убиство“ во „сообраќајка“ во случајот со загинувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово. На четвртиот протест учествуваа голем број граѓани, а двајца од организаторите, актерот Висар Вишка и Дијана Тоска побараа судскиот процес против Бобан Илиќ, кој го возеше автомобилот што го...

Министерот Саљији си даде оставка поради малиот Алмир

Министерот за правда Билен Саљији синоќа во Владата на конференција за медиуми соопшти дека си поднесува неотповиклива оставка, поради, како што рече,морални причини и разнишаната доверба во судството во врска со случајот на малиот Алмир, кој пред две години беше прегазен во Куманово. - Довербата во судството почна да се враќа преку случаите „Сопот“ и „Монструм“, но сепак во овие...

Обвинителите кои се побунија за случајот „Алмир“ за Јовески се пристрасни

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески преку соопштение до јавноста ја осуди постапката на четворицата јавни обвинители кои изјавија дека одлуката случајот со трагичната смрт на 4-годишниот Алмир Алиу да се преквалификува во сообраќајка е „скандалозна“. Според Јовески, таквото обраќање е непрофесионално и вели дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко се прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители...

Прекршен е законот со преквалификацијата на убиството на Алмир, велат обвинители

Вчерашната одлука на Основниот суд во Куманово за преквалификација на случајот на Алмир Алиу е непрофесионално, неразумно и кршење на законот. Ова го велат активистите за човекови права, професорката Мирјана Најческа и директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, додека Народниот правобранител Иџет Мемети не се смета за надлежен да го коментира случајот, бидејќи според него "тоа не е неговата...

Обвинетиот ќе одговара за сообраќајка, а не за убиство на 4-годишниот Алмир

Обвинетиот кумановец, Бобан Илиќ, нема да одговара за убиство со умисла на четиригодишниот Алмир Алиу, кој беше прегазен пред една година и девет месеци во Куманово. Наместо тоа, Илиќ, кој беше зад воланот на автомобилот кој го усмрти Алмир, е обвинет за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, кривично дело за кое Кривичниот законик предвидува...

Учесниците на протестот за малиот Алмир побараа изземање на обвинителката

Триесетина учесници на денешниот протест за судскиот процес за смртта на 4-годишниот  Алмир Алиу, кој во јуни 2016 година во Куманово беше прегазен од Бобан Илиќ, при бркотница со членови на семејството Алиу, побараа изземање на обвинителката Сузана Кусигерска, јави „Порталб.мк“. Протестот се одржа пред Јавното обвинителство на Република Македонија во Скопје, еден месец по првиот. Актерот Висар Вишка, еден од...

Јовески: За Алмир Алиу ќе се постапува неселективно, непристрасно и професионално

Апелирам до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве, стои во изјавата на државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, по повод вчерашниот протест поради преквалификацијата на кривичното дело во случајот со смртта на четиригодишниот Алмир Алиу. Тој нагласува дека обвинителите својата работа ја вршат и одлуките ги...

Кумановци протестираат и бараат правда за смртта на четиригодишното дете

Околу 1.000 граѓани денеска, околу 15 часот, го почнаа протестот на кој бараат правда за четиригодишниот Алмир Алиу, кој пред една недела беше прегазен со автомобил на излезот од болницата во Куманово. Протестот се одвива во молк, односно демонстрантите не извикуваат никакви пароли, а единствениот транспарент е тој што граѓаните го носат на чело на колоната, а на кој на...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...