fbpx

Алтернатива бара „Заедница на албанските општини во Северна Македонија“

-

Политичката партија Алтернатива само неколку дена откако излезе од владината коалиција, преку соопштение до медиумите се огласи со барање да се започне спроведување на иницијатива „Заедница на албанските општини во Северна Македонија“, по барањето на Србија да се формира Заедница на српските општини во Косово.

Во денешното соопштение потпишано од генералниот секретар на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибрахими се вели дека во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, ова прашање треба да се постави и во земјава.

„Прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Северна Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Северна Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку“, стои во соопштението на Алтернатива.

Од партијата додаваат дека тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, па испаѓа дека таа заедница е во духот на западните вредности.

„Да направиме и ние во Северна Македонија една таква заедница во тој западен дух. Еве една кауза врз која може да се соединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина. Да ја започнеме уште денес Заедницата на албанските општини во Северна Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели?! Можеби на тој начин доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во Северна Македонија и српскиот јазик во Косово“, се наведува во соопштението на Алтернатива.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...