fbpx

Бројката на нови случаи над 1.000, од ковид-19 починале 15 луѓе во изминативе 24 часа

-

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во земјава се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 314, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци и Свети Николе – по 4, Пробиштип – 3, Неготино и Пехчево – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Ова е првпат по најмалку три месеци да се регистрираат над 1.000 нови случаи во 24 часа. Вчера беа регистрирани 999 нови случаи.

Во изминатово деноноќие се регистрирани 91 оздравени пациент од: Скопје – 35, Гостивар – 12, Тетово – 9, Кичево и Дебар – по 8, Куманово и Струмица – по 5, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка – по 1.

Пријавени се 15 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (37г,43г и 49г), Куманово (46г,55г и 63г), Тетово (60г,65г и 79г) и Гостивар (53г,69г и 77г) и по едно лице од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.079.818 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...