fbpx

МЖСПП: Стартува проектот на ООН за зачувување на планинските еко-системи

-

Денеска официјално стартуваше новиот ГЕФ/УНЕП проект: „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционална рамка, градење на капацитетите и реставрација на најранливите планински предели”.

„Проектот е дизајниран за остварување на глобалните цели за одржлив развој, да ни помогне во заложбите за имплементација на Декларацијата од Софија и Агендата за зелен договор за Западен Балкан, а со цел да дадеме придонес кон глобалната заштита на животната средина“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Насер Нуредини.

Според постојаниот координатор на ООН, Росана Мишел Дуџиак, со реализирање на овој проект, државата прави чекор напред кон остварување на заедничките глобални цели за обновување на екосистемите и живеење во хармонија со природата.

Директорот на УНЕП Програмата за животна средина на ООН, Бруно Поци, оцени дека проектот дополнително ќе придонесе за реализација на обврските од трите Конвенции во Рио, особено за неутралност на деградација на земјиштето и зачувување на еко-системите.

Во период на имплементација од четири години на проектот, треба да се зајакнат националната политика и институционалните капацитети за одржливо управување со земјиштето и да се придонесе за спречување на деградацијата на земјиштето, преку интегрирано управување со пределите во северо-западните планински екосистеми на државава.

Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а имплементиран преку УНЕП Програмата на ООН и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...