недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Насер Нуредини | 88 резултати

Немаме целосен увид во аерозагадувањето поради старите сервери на министерството

декември 26, 2022

Министерството за животна средина ги следи податоците од мерните станици за мониторинг на загадувањето на воздухот и препорачува мерки, иако граѓаните деновиве немаат целосен увид во моменталната состојба преку веб страницата air.moepp.gov.mk, информираше денеска министерот Насер Нуредини. Причина за тоа се застарените сервери на министерството, кои во моментов се менуваат, а не опремата во мониторинг […]

„ТехноАлпин“ го претстави планот за инвестиции во Попова Шапка, предвидени се седум фази

декември 19, 2022

Инвеститорите од италијанската компанија „ТехноАлпин“ заинтересирани за Попова Шапка денеска го претставија нивниот план за развој на овој туристички центар. Процесот е во рана подготвителна фаза и договорот сè уште не е потпишан. Министерот за животна средина призна дека во овој центар не се инвестирало цели дваесет години и рече дека се очекува тоа да […]

Битола и Тетово едвај чекаат да почне изградбата на пречистителните станици за отпадни води

декември 17, 2022

Општините Битола и Тетово очекуваат во најскоро време да започне изградбата на пречистителните станици за отпадни води и да се овозможи пречистување на фекалиите во двата најголеми града по Скопје во земјава. Тендерот за изградба на капиталниот објект во Битола веќе беше објавен на 16 ноември, додека повикот за доставување понуди за изградба на тетовската […]

„Маврово“ и „Шара“ стануваат дел од најголемата заштитена зона во Европа

декември 12, 2022

Националните паркови „Маврово“ и „Шар Планина“ ќе станат дел од најголемиот прекуграничен парк во Европа, заедно со Паркот на природата „Кораб-Коритник“ во Албанија и Националниот Парк „Шари“ на Косово. Министерот за животна средина Насер Нуредини, заедно со колегите од Албанија и Косово, Мирела Кумбаро и Либурн Алиу викендов, по повод Меѓународниот ден на планините, во […]

Поништувањето на тендерот за пречистителната станица во Скопје ќе го загрози членството во ЕУ

ноември 30, 2022

„Да не сонуваме, нема членство на земјава во ЕУ ако не се изгради пречистителна станица за отпадни води во Скопје и во другите градови. Две и пол години се занимаваме со актуелниот тендер за изградба на скопската пречистителна станица, а ако тендерот на крај пропадне, ќе изгубиме уште три години на нов тендер. Времето на […]

Колекторскиот систем за отпадни води на Скопје ќе се доврши со пари од буџетот

ноември 29, 2022

Министерството за животна средина со сопствени сретства ќе го доврши колекторскиот систем за отпадни води во Скопје, откако договорот со француската компанија НГЕ беше раскинат. Како што информираше денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, остануваат само уште 900 метри цевковод и 10 шахти, кои поминуваат низ депонијата Вардариште. Токму отпадот кој се наоѓа овде […]

Нуредини: Гас има доволно, Скопје-Север не треба да работи на мазут

ноември 29, 2022

Топланата Скопје- Север треба да користи гас, бидејќи во државата има доволни количини, рече денеска министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој посочи дека овој енергетски објект, за разлика од топланите Исток и Запад, кои имаат А интегрирани дозволи и се под нивна надлежност, има Б интегрирана дозвола и надлежноста за контрола е во Градот […]

До крајот на годината тендер за регионалната депонија во Свети Николе, изградбата догодина

ноември 29, 2022

Со задоцнување од речиси една година, наскоро ќе се објави меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во Општина Свети Николе и шесте претоварни станици во Источниот и Североисточниот плански регион. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешниот брифинг за новинарите изјави дека подготвената тендерска документација е целосно ревидирана и до […]

Компанијата „ТехноАлпин“ заинтересирана да инвестира 186 милиони евра во Попова Шапка

ноември 25, 2022

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Како што соопшти денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, понудата на компанијата добила зелено светло и од Владата. Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем […]

Нуредини: Амбициозни сме, но напуштањето на јагленот ќе мора да го одложиме за две години

ноември 22, 2022

„Северна Македонија е најамбициозната земја на Западен Балкан кога станува збор за намалување на емисиите на стакленички гасови, која цели кон целосна транзиција и напуштање на употребата на јаглен. Сепак, веројатно ќе треба процесот да го одложиме за уште една или две години, бидејќи реалноста е дека ние исто како и секоја земја во Европа, […]

Мета факт: Исполнето е ветувањето за постепена забрана на пластичните кеси

ноември 15, 2022

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа на владата во периодот 2020-2024 година вети дека до 2024 година постепено ќе ја забрани употребата на пластични кеси во малопродажба во земјава. Ова владино ветување е исполнето. Имено, на 1 декември 2021 година стапи на сила одлуката за забрана за пуштање на пластични кеси на пазарот […]

Македонија ќе го зајакне партнерството со УНОПС за справување со историските “жешки” точки

ноември 10, 2022

Земјава сака да ја интензивира и прошири соработката со Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки. За ова се разговарало на работната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни […]

Депонијата „Русино“ привремено средена, апел до пратениците да го усвојат заемот за нова инвестиција

ноември 1, 2022

Наместо расфрлан отпад на сите страни, депонирање на смет којшто се покрива со земја. Наместо протекување на исцедокот од депонијата неконтролирано во природата, изграден е систем за рециркулација на исцедокот од депонијата со канали, бунари и други градежни интервенции за заштита на почвата. Ваква е денешната поправена слика за регионалната депонија „Русино“ кај Гостивар, која […]

Мета факт: Делумно исполнето ветувањето на владата за помош на општините за набавка на нови контејнери и канти

ноември 1, 2022

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа во периодот 2020-2024 година има ветено дека до крајот на 2024 година ќе обезбеди директна поддршка за набавка на 10.000 канти и контејнери на годишно ниво за општините како помош за заштита на животната средина. Ова владино ветување го оценуваме дека е во тек со спроведување и […]

Нуредини се сретна со амбасадорот Лосон, потврдени политиките за транзиција кон зелена економија

октомври 19, 2022

Министерот за животна средина Насер Нурдини се сретна со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон, со кој разговараше за добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели. Нуредини го информираше Лосон за стратешките определби на Министерството и на државата и во […]

Кочењето на регионалната депонија во Свети Николе стигна до Извештајот на ЕК

октомври 13, 2022

Македонските власти наредната година треба особено да се посветат на спроведувањето на мерките за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион. Општина Свети Николе е експлицитно наведена дека го кочи процесот за изградба на современата регионална депонија за двата региона, за која веќе се обезбедени финансиски средства од […]

Раскинати договорите за изградба на седум мали хидроцентрали на Шара

октомври 4, 2022

Договорите за концесија за седум мали хидроцентрали на Шар Планина се раскинати, а на концесионерите ќе мора да им се вратат концесискиот надомест и трошоците кои ги направиле досега. Одлуката за спогодбено раскинување на договорите Владата ја усвои денеска, а таа се однесува на шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и […]

Нуредини: За да не се отруеме од јагленот и мазутот мора да штедиме струја

октомври 3, 2022

Домаќинствата да затоплуваат до 21 степен, а индустријата и институциите да штедат енергија, затоа што таа зимава ќе биде произведена од нечисти извори, апелираше денеска министерот за животна средина Насер Нуредини и информираше дека во неговото министерство не се користат клими, се гасат светилки за кои нема потреба, а штедат и на трошоците за репрезентација. […]

Нуредини: Енергетската криза не треба да е изговор да се прекине процесот на декарбонизација

септември 9, 2022

Енергетската криза не треба да биде причина и пречка за продолжување на процесот на декарбонизација што веќе е започнат, а државите мора да ја следат генералната линија на зацртаните зелени политики и поставените климатски цели, порача денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на Енергетскиот форум за Југоисточна Европа, што се одржа […]

Компанијата ППС од Грција единствен кандидат за изградба на ХЕЦ Чебрен

септември 7, 2022

Две понуди од компании, едната од Грција и една од Франција, пристигнале на тендерот за доделување концесија за користење на водата на Црна Река, за изградба на хидроцентралата „Чебрен“. Како што информираше денеска министерот за животна средина, Насер Нуредини, за една од понудите на компнијата ЕДФ Франција, Комисијата утврдила дека е со непотполна документација и […]

Страна 1 од 5