fbpx

Битиќи-Абазовиќ: Регионалната конкурентност е клучот за просперитет на Западен Балкан

-

„На заедничкиот регионален пазар целта е да се зајакне економската соработка, да се зголеми конкурентноста, но и привлечноста за пазарите на ЕУ. Регионална конкурентност, наместо регионална конкуренција. Ова е нашата иднина“, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, на денешната заедничка прес-конференција со потпретседателот на Владата на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ, по средбата на која се разговарало за економската соработка помеѓу двете земји.

Според Битиќи, тоа ќе ja зајакне способноста за справување со предизвиците, како што е моменталната пандемија, ќе донесе просперитет за граѓаните, напредок за регионот на Западен Балкан и ќе ги подготви економиите за влез во ЕУ.

„Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан“, рече тој.

Абазовиќ посочи дека регионот е изморен од караници, од национализми и дека фокусот треба да се сврти кон економијата и кон прогресот, а земјите од Западен Балкан со заеднички настап можат полесно да добијат поголеми перспективи за развој и напредок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...