Железничката пруга на влезот во Скопје | Фото: Архива на Мета.мк

Поради воведувањето на полициски час во земјава во периодот од 10 до 22 март, Железници на РСМ-Транспорт ги известува патниците дека ќе има изменет возен ред на патничките возови.

На релацијата Скопје-Битола-Скопје, патничките возови во наредните 12 дена ќе поаѓаат од Скопје во: 6:57, 13:49 и 17:25 часот. Возовите од Битола за Скопје ќе поаѓаат во: 5:30, 12:51 и 17:45 часот.

На релацијата Скопје-Гевгелија-Скопје, патничките возови ќе поаѓаат од Скопје во: 6:23 и 16:55 часот и од Гевгелија со поаѓање од: 5:30 и 16:55 часот.

На релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје, возот со број 2024 со поаѓање од Скопје во 20 часот ќе сообраќа само до Куманово. Возот со број 2020 со поаѓање од Скопје во 3:57 часот ќе изостанува на релацијата Скопје-Куманово, а ќе поаѓа од Куманово за Табановце во 5 часот. Возот со број 611 од Табановце за Скопје ќе поаѓа со задоцнување од 10 минути, во 5:20 часот. Возот со број 2025 со поаѓање од Табановце за Скопје во 21:22 часот, нема да сообраќа. Другите возови кон и од Табановце ќе сообраќаат по важечкиот возен ред.

На релација Скопје-Велес-Скопје, за време на полицискиот час возот со број 600 од Велес за Скопје ќе поаѓа со задоцнување од 17 минути, односно во 5:30 часот. Возот со број 2083 од Скопје за Велес наместо во 22:40 часот, од главниот град ќе поаѓа во 20:39 часот. Останатите возови меѓу Скопје и Велес ќе сообраќаат по важечкиот возен ред.

Постојните патнички возови на релациите Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Кичево-Скопје ќе сообраќаат по важечкиот возен ред на Железници на РСМ-Транспорт.

На 10 март, возовите со број 643, 644, 645, 2024, 2025 и 2083 кои имаат изменет возен ред ќе сообраќаат согласно него. На 22 март, возовите со број 2020, 611, 600, 640 и 630 ќе сообраќаат согласно изменетиот возен ред.