fbpx

Заев ја повлече одлуката, администрацијата и понатаму ќе има флексибилно работно време

-

Вработените во јавната администрација од утре ќе продолжат да работат по флексибилно работно време. Премиерот Зоран Заев не ја потпиша вчерашната владина одлука за воведување на фиксно работно време на вработените од органите на државната управа од 8 до 16 часот. Ова значи дека административците од утре (1 октомври) ќе продолжат да функционираат со флексибилното работно време од 7:30 и 8:30 часот до 15:30 и 16:30 часот, известуваат од владината прес-служба.

Во испратеното соопштение се вели дека премиерот Зоран Заев извршил консултации, по што одлучил да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата.

„Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата“, се вели во соопштението.

Флексибилното работно време за јавната администрација беше воведено на 1 септември 2017 година, а на неговото укинување денеска реагираа синдикатите, наведувајќи дека не биле консултирани како социјален партнер од страна на владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...