fbpx

Заврши гасификацијата на болницата „Мајка Тереза“ во Чаир

-

Еден од најголемите загадувачи на Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир е гасифицирана. Инвестицијата е вредна 17 милиони денари, и станува збор за значаен капитален проект.

„Досега оваа болница се грееше на мазут и беше еден од најголемите загадувачи во Скопје, се жалеа сите. Овие црни оџаци повеќе нема да функционираат. Поставени се панели на кровот коишто се користат да се загрее водата во бојлерите и посебен резервоар за гас којшто прима компримиран гас со којшто ќе се грее болницата во зимските периоди, но истовремено ќе се користи за топла вода,“ изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека со поддршка на Светска банка се разговара за енергетска ефикасност и за други здравствени институции, за болниците повеќе да не загадуваат туку да се загреваат на гас.

„Во состав на постојната градба, на северозападниот дел на дворното место во кругот на комплексот, изведени се термотехнички инсталации. Комплетно нова Котларница со топловодни котли на течен пропан бутан гас и комплетно нова Станица за подготовка на санитарна топла вода со систем од соларни колектори за санитарна вода. Овие машински постројки и другата опрема се поставени во делот од постоечкиот наткриен паркинг во просторот кој се намени за сместување на нова котлара и станица за подготовка на санитарна топла вода во функција на клиниката. Во склоп на термотехничките инсталации изведен е подземен резервоар за течен пропан бутан гас, станица за подготовка на санитарна топла вода со систем од соларни колектори со централен бојлер. Инсталациите се комплетно поврзани со постојната цевна мрежа на објектот. Сончевите колектори се поставени на просторот на неискористената бетонска плоча над паркингот, а надворешниот простор околу резервоарот е ограден со поставување на метална ограда со врата за влез,“ информираат од Влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...