fbpx

Во неколку градови се протестираше против поскапувањето на струјата (Галерија)

-

Во неколку градови во земјава вчера попладне се одржаа протести против поскапувањето на струјата. Учесниците на протестот во Скопје се собраа во Паркот Жена-борец и во паркот во Чаир, од каде потоа се упатија пред зградата на Владата. Носеа транспаренти  „Граѓани што не се слушани, стануваат непослушни“, „Национализација“, „Та не сме саде ние, та не сме саде тука“, „Доста е!“, „Скапан систем“… на македонски и албански јазик.

– Многу влади во Европа ја намалија цената на струјата додека трае кризата, но кај нас ја поскапија. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани? Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата – истакнаа организаторите.

Со протестите се бараше итно поништување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси за зголемување на цената на електричната енергија, како и владата да ја распушти оваа комисија и да се формира независно арбитрарно тело.

Протeстот го поддржаа Сакаме чист Чаир, Социјалистичка зора, Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ), Fridays for Futurе и МО Црвeни.

Се протестираше и во Тетово, Дебар, Кичево, Струга, како и во Гостивар, каде протестираше и градоначалникот, Арбен Таравари.

Подолу може да видите како изгледаше протестот во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...