fbpx

Четвртина од избирачите излегле да гласаат до 13 часот

-

Четвртина од гласачите регистрирани за предвремените парламентарни избори излегле на избирачките места во земјава до 13 часот за да ја искажат својата волја, покажуваат резултатите што ги соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Според нејзините статистики, излезноста на ниво на земјава до 13 часот е 24,61 отсто, додека од шесте изборни единици на кои е поделена нејзината територија, најголем е одѕивот во 3-та, со 29,72 отсто. Веднаш по неа е 4-тата, со 28,22 отсто. Оваа изборна единица до 11 часот беше прва на листата, со 18,55 отсто излезност.

Трета според излезноста на гласачите до 13 часот е 1-та изборна единица, позната и како „Скопска“, со 27, 36 отсто, а следува 5-та, со 24,12 отсто одѕив на гласачите. Со 22, 68 отсто излезност, 2-та изборна единица е претпоследна, а на дното е 6-тата, со 16,58 отсто излезност.

Од општините, до 13 часот највисока излезност е регистрирана во Крива Паланка – со 43,46 отсто одѕив, а следуваат:

42,4 Новаци
37,84 Крушево
35,29 Пробиштип
35,06 Македонски Брод
34,63 Гевгелија
33,59 Прилеп
33,42 Неготино
33,02 Пехчево
32,76 Штип
32,49 Берово
32,04 Кавадарци
31,89 Демир Хисар
31,88 дел од општина Битола
31,8 Свети Николе
31,3 Делчево
31,25 Карпош

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја затвора канцеларијата на Ал Џезеира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека канцелариите на Ал Џезеира во Израел ќе бидат затворени, пренесува CNN. „Владата на чело со мене едногласно одлучи: Провокативниот канал Ал Џезеира ќе биде...