fbpx

Владата донесе Уредба со која се регулира породилното отсуство за време на траење на мерките

-

Мајките кои се на породилно отсуство не мора да се вратат на работа сè додека траат времените мерки, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП).

„За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, да продолжи да се исплаќа  до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19,“ информираат од МТСП.

Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку Фондот за здравствено осигурување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...