Мајките кои се на породилно отсуство не мора да се вратат на работа сè додека траат времените мерки, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП).
„За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, да продолжи да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19,“ информираат од МТСП.
Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку Фондот за здравствено осигурување.